ЦЕНТАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА
15133 |
 | ОГЛАС |  |
Врз основа на член 5 став 1 и 31 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (Службен весник на РМ бр.. 8/2005 и 150/07, Комисијата за располагање со недвижни ствари на Министерството за труд и социјална политика, објавува ОГЛАС
За продажба на недвижни ствари со јавно наддавање
|
Програма за развој на социјалната заштита 2011-2021
Создавањето на современ систем на социјална заштита којшто ќе одговори на предизвиците на новото време е во согласност со јасно зацртаните цели на Република Македонија за членство во Европската унија. Процесот на европска интеграција налага хармонизација на законодавството во оваа област, промовирање на принципите на доброто управување, пренесување на добрите европски практики и стандарди. Од тие причини, Министерството за труд и социјална политика презеде активности за подготвка на еден развоен документ, односно Програма за развој на социјалната заштита 2011-2021, чија основа цел е развој на интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита којшто ќе обезбеди достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги креирани според потребите на корисникот.
Програмата е изготвена во широк консултативен процес во рамките на кој е формирана работна група од раководителите на одделенија во секторот за социјална заштита при министерството за труд и социјална политика, заводот за социјални дејности и институтот за социјална работа и социјална политика. Одржани се и повеќе консултативни средби и расправи со сите релевантни институции и здруженија на граѓани коишто работат во областа на социјалната заштита.
|
 | ПРОГРАМА |  |
 | ПОВИК |  |
 | Настани/најави/соопштенија |  |
Казна од 22 илјади евра за работење во празници
Заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, одржа прес конференција на тема ,,Што вели Законот за работни односи во однос на работа во празничен ден,, како и казнените мерки што се преземаат во овој дел. Имено, Државниот инспекторат за труд ќе врши засилен надзор во однос на отсуството од работа за време на празниците, како и прекувремената работа....
 |
|
Национална стратегија за стари лица 2010-2020 година
Владата на Република Македонија на Сто седумдесет и втората седница оддржана на 13. 7.2010 година ја усвои Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година. Процесите на демографско стареење и демографска транзиција, почнувајќи од Втората светска војна па наваму, сe повеќе ги менуваат природните текови на обновување на населението. Со тоа стареењето на популацијата се наметна како специфична тема низ целиот свет, на која во науката и човештвото и се придава сe поголем простор и значење....
 |
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8.9.2010 година (среда), Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита празникот.
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9.9.2010 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита празникот.
|
До грантови преку иновативни програми
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, во Државниот универзитет во Тетово ја презентираше програмата „Развој на човечките ресурси 2007 - 2013“ што е дел од ИПА IV на Европската унија, на која присуствуваше и координаторот на ИПА од Министерството за труд и социјална политика, Дени Ѓорчевски. ...
 |
|
Згрижени сексуално злоставуваните деца од Велес
- Четирите малолетни девојчиња, од коишто три со години биле сексуално злоупотребувани од нивниот татко, се привремено одземени од нивната мајка и сместени во згрижувачко семејство. Тие таму ќе останат се до завршување на истражната и судската постапка, која треба да ја утврди неговата вина, но и евентуалната вина на нивната мајка, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами....
 |
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28.8.2010 година (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
|
Основан Економско-социјалниот совет
Владата на Република Македонија, двата репрезентативни синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи, денеска потпишаа спогодба со која за прв пат во Македонија се формира Економско-социјалниот совет, трипартитно тело кое ќе има советодавна и консултативна улога при креирањето и имплементацијата на владините економски и социјални стратегии и политики....
 |
|
Меморандум за разбирање меѓу МТСП и ОБСЕ
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и амбсадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Хосе Луис Хереро, денеска потпишаа меморандум за разбирање, чијашто цел е да се прегледа и оцени, односно, да се евалуира имплементацијата на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија....
 |
|
| Продолжува проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки“
Заменик министерот за труд и социјална политка, Спиро Ристовски, учествуваше на состанокот за изнаоѓање на можности за продолжување на соработкатата за периодот 2010/2011 за потребите на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки“, проект кој четири години последователно се разлизираше во соработка со 16 единици на локална самоуправа....
 |
|
|
Обука во рамки на билатералната соработка со Република Франција
На 29 и 30 јуни 2010 година, во Клубот на пратеници, во Скопје, се спроведе уште една обука во рамките на Програмата за билатерална соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и ГИП Интернационал (Министерство за труд, општествени односи, семејство, солидарност и урбано живеење на Република Франција) за периодот 2009-2011 година....
 |
|
| Успешно завршување на проектот Родово сензитивно буџетирање на локално ниво
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, учествуваше на завршниот настан по повод завршувањето на проектот „Родово сензитивно буџетирање на локално ниво“. Во Македонија работата на полето на родовото одговорно буџетирање на локално ниво беше спроведена во рамките на проектот поддржан финансиски од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, а се одвиваше во периодот 2008-2010 година во две пилот општини и тоа, општина Тетово и општина Битола....
 |
|
|
| Конференција за жените и градењето на мирот во Западен Балкан
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами учествуваше на регионалната конференција за „Жените и градењето на мирот во Западен Балкан“ во организација на Регионалното женско лоби за мир, безбедност и правда во Југоисточна Европа....
 |
|
|
Прва конференција за составот и структурата на Комисијата за заштита од дискриминација
Со цел да се поддржи процесот на приближување на препораките од националните соодветни институции и организации на моделот и функционирањето на Комисијата за заштита од дискриминација и да се обезбеди можност за споделување и размена на идеи помеѓу различни чинители, национални и меѓународни, државни и недржавни, за можниот состав и структура на Комисијата, во Скопје се оддржа првата конференција за составот и структурата на Комисијата, во организација на Министерството за труд и социјална политика и Наблудувачката мисија на ОБСЕ....
 |
|
| Отворено ново одделение за социјални работи во општина Чаир
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, го отвори новото одделение за социјални работи во Општина Чаир. Во одделението што е сместено во просториите на Општина Чаир, како што рече министерот Бјарами, услугите ќе можат да ги користат 2.600 корисници на социјална парична помош, околу 800 корисници на постојана парична помош, околу 400 корисници коишто користат родителски додаток и околу 300 корисници на помош и нега од трето лице....
 |
|
|
Зајакната соработката со Меѓународната организација на трудот
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и директорот за Европа и Централна Азија на Меѓународната организација на трудот, г-ѓа Сузан Хофман, го потпишаа меморандумот за соработка во имплементацијата на Националната програма за пристојна работа (НППР). Програмата за пристојна работа на Македонија за периодот 2010-2013 година ги дефинира приоритетите и целите за развиток во национални рамки и е резулатат на консултации помеѓу Владата, синдикатите, организациите на работодавачи и Меѓународната организација на трудот (МОТ)....
 |
|
| Обука за еднаков третман врз основа на род и етничка припадност при пристап до услугите на државните институции
Министерството за труд и социјална политика,Сектор за еднакви можности, во соработка со Мисијата на Меѓународната Организација за Миграции, на 16 и 17 јуни 2010 година, во хотел ,,Арка ,, во Скопје, со почеток во 9:30 часот, ќе одржи обука за социјална инклузија на Ромите, со фокус на жената Ромка, финансиран од страна на Норвешката Влада....
 |
|
|
| Република Македонија домаќин на Регионалната конференција за ромски прашања
Обезбедување пристап на Ромите до документи за лична идентификација и изнаоѓање на решение за прашањата коишто се однесуваат и на уживањето на основните човекови права на еден дел од популацијата, како што се: здравствената заштита, вклучување во образовниот процес, вработувањето и подобрување на нивниот статус, треба да бидат приоритет за сите земји во регионот, но и пошироко во Европа. Ова е пораката што денеска ја упатија учесниците на конференцијата „Овозможување на пристап на Ромите до документи за лична идентификација - регионален предизвик“, што денеска се одржува во Скопје во организација на Министерството за труд и социјална политика во рамки на Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа....
 |
|
|
Социјален форум на Енергетската заедница
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и министерот за економија, Фатмир Бесими, учествуваа на Третиот Социјален форум на Енергетската заедница, организиран од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница под покровителство на Европската комисија и Република Македонија....
 |
|
| |
| Одбележан Денот на згрижувачите во Република Македонија
По повод Денот на згрижувачите во Република Македонија и промоција на згрижувачките семејства, министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, учествуваше на хепенингот којшто е поддржан од страна на Министерството за труд и социјална политика, а организиран од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје во соработка со Црвен Крст на град Скопје...
 |
|
|
Најдоцна до 25 јуни ќе биде конституиран Економско-социјалниот совет
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами оддржа работен состанок со претставниците на синдикатите коишто се регистрирани на национлно ниво. На состанокот беше договорено за десет дена да заврши постапката за доставување барања за добивање решенија за репрезентативност и најдоцна до 25 јуни годинава, да биде формиран Економско-социјалниот совет....
 |
|
| |
Ќе се решава статусот на негувателките и воспитувачките во градинките што работат на определено време
На 100 од вкупно 160 негувателки и воспитувачки во претшколските установи кои работат со договори на определено време, до крајот на годината работниот однос ќе им биде трансформиран на неопределено време. Половина од нив решенија треба да добијат во јуни, пред летните одмори, а половина во септември годинава. На останатите 60, статусот ќе им се решава во текот на наредната година. Ова беше речено на заедничаката пресконференцијата што ја одржаа вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами....
 |
|
| |
 | Корисници на бањско-климатска рекреација |  |
 | Претставки и предлози |  |
Согласно Законот за постапување по претставки и предлози (“Службен весник на РМ” бр.82/2008), во Министерството за труд и социјална политика, односно во Секторот за правни, нормативни, општи и зеднички работи формирано е Одделение за претставки и предлози. Заради имплементација на одредбите од законот, Ве известуваме дека определени се овластени лица за постапување по претставките и предлозите во рамките на органот за надлежностите утврдени со закон и тоа:...
 |
|
 | Програма |  |
 | Права од пензиското осигурување |  |
 | Друго |  |
|