ЦЕНТАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА
15133 |
 | Повик |  |
Повик за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2012 година
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година....
 |
|
 | Настани/најави/соопштенија |  |
Министерот Ристовски во посета на привремениот пункт за поддршка на бездомници
На 4.2.2012 година (сабота), во 11:00 часот, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски ќе го посети привремениот пункт за поддршка на бездомниците на Црвениот крст во централното градско подрачје (автобуска постројка кај Зелено пазарче).
На пунктот ќе се дистрибуира чај, супа и ќебиња за бездомните лица кои не сакаат да бидат сместени во текот на ноќта. Исто така, мобилни тимови на патролните социјални служби ќе патролираат низ градот и ќе бидат достапни за бездомните лица
|
Средба на министерот Ристовски со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија остварија работна средба на која се дискутираше за зголемување на пензиите, продолжување на проектите за подобрување на условите за живот на пензионерите, можностите за отпочнување на изградба на пензионерски домови.

По средбата министерот Ристовски најави зголемување на пензиите кон крајот на годинава.
”На крајот на 2012 односно почетокот на 2013 година пензиите ќе бидат покачени за пет проценти, а дефинирано е дека во наредните години ќе има прогресивно зголемување на пензиите. Така по првичното зголемување од пет проценти, ќе има зголемување од седум проценти, а во 2015 година ќе има зголемување за 10 проценти”, потенцираше министерот Ристовски и додаде дека на тој начи се очекува да се подобри финансиската и економската моќ на пензионерите.
Од 2006 до крајот на 2010 година пензиите се зголемени за повеќе од 42 проценти за најниската пензија и над 33,5 проценти за просечната пензија во Македонија.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски нагласи дека во наредниот период ќе продолжат да се реализираат проектите за бањско климатска рекреација, за бесплатен превоз на пензионерите, а најави и отпочнување на отворање на нови домови за пензионери.
Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски соработка со Министерството за труд и социјална политика ја оцени како одлична додавајќи дека на средбата постигнале согласност дека се потребни нови активности за зголемување на бројот на домови за пензионери. |
Гала вечера
На 31.1.2012 година (вторник), во 18:45 часот, во х. Александар Палас, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски ќе има воведно обраќање на хуманитарната Гала вечера организирана во чест на официјалната посета на Република Македонија од страна на Неговото Височество Принцот Мајкл од Кент.
Средствата собрани од продажбата на билетите за Гала вечерата ќе бидат донирани за реновирање на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми “25-ти Мај“ во Општина Бутел. |
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски го посети пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски го посети пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток и притоа на бездомниците што ги користат услугите на пунктот им подели подароци во облека.
“Од аспект на грижа, морам да кажам дека лично сум презадоволен од тоа во каква кондиција го одржува Црвениот крст овој пункт. Првичната грижа е овде, првичната грижа е она што им е неопходно на бездомните лица, а останатиот дел од активностите продолжуваат во насока на ресоцијализација и дополнителните потреби на бездомните лица во Република Македонија”, рече министерот Ристовски.
Овој пункт за бездомници е отворен пред две години и истиот го посетуваат 80-на лица кои добиваат храна, топла облека и медицинка помош. Од Црвениот крст велат дека неговото функционирање е во договор со неговите корисници.
“Овој пункт може да работи и 24 часа, согласно со потребите на лицата. Ако имаме лица коишто се сместени тука, пунктот работи цел ден. Тогаш, системот на функционирање се сведува на мобилни тимови, со волонтерите, коишто во текот на месецот имаат свое дежурство. Пунктот се отвора во рок од два часа од моментот кога ќе произлезе потреба. Се набавува храна, се стоплуваат просториите”, рече Сузана Тунева Пауновска од Црвениот крст.
Пунктот за бездомници во Момин поток од 31.1.2012 година до недела, 5 февруари 2012 година ќе работи 24 часа поради ниските температури.
Бездомните лица коишто самите бараат трајно сместување, се сместуваат во домот за бездомници во Чичино село. Во моментов таму со решение на Центарот за социјална работа се сместени 110 лица.
Доколку некои од граѓаните познаваат лица кои имаат потреба од услугите на пунктот за бездомници нека се обратаат на следниве телефони: 070 250 054, 070 317 822, 071 261 787,070 317 601.
*************************************************************************************************************************************** |
Кампањата за безбедност и здравје при работа во градежништвото насловена како „ГРАДИ БЕЗБЕДНО“
"Гради безбедно“ е мотото на кампањата за безбедност и здравје при работа во градежништвото што ќе ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот Инспекторат за труд, Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис Конфедерацијата на Македонија и Меѓународната организација на трудот....
 |
|
Заменик министерот Ибрахими на трибина во Струмица
Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими во рамките на серијата трибини за „Запознавање на ромската заедница за заканите од можноста за воведување на визи“, имаше средба со Ромите од струмичко....
 |
|
Средба Ристовски - Михал Соработката меѓу Македонија и Словачка е одлична
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и заменик премиерот и министер за труд, социјални работи и семејство на Република Словачка, Јозеф Михал, остварija билатерална средба на којашто дискутираат за прашања коишто се во рамките на потпишаниот Договор во Јануари 2011 помеѓу двете земји. ...
 |
|
Тркалезна маса ,,Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба и педофилија,,
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски во воведното обраќање на тркалезната маса ,,Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба и педофилија.,, најави дека Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, со поддршка на Црвениот крст на Македонија ќе ја продолжат едукацијата на децата, наставниците и родителите за препознавање на педофилијата, со цел таа да се превенира, откако досега спроведените активности ги дадоа очекуваните резултати....
 |
|
Регионална работилница ,,Превенција и идентификување на деца жртви и деца во ризик од трговија со луѓе,,
Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими учествуваше на првата регионална работилница ,,Превенција и идентификување на деца жртви и деца во ризик од трговија со луѓе,, во организација на ОБСЕ. Целта на работилницата е јакнење на регионалната соработка и дијалог за ефикасно справување со трговијата со луѓе и деца.
...
 |
|
Свети Сава
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2012 година (петок), Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.
|
Обука за безбедност и здравје во градежништво
Од 23 до 27 Јануари 2012 година, во х.Арка, од страна на експерти на Меѓународната организација трудот (МОТ) започнува обука за безбедност и здравје во градежништвото којашто се организира во рамките на активностите за зајакнување на ефикасноста на трудовата инспекција.
Целта на обуката е да се зајакне знаењето во однос на различните аспекти на безбедноста и здравјето при работа во градежништвото, преку обука која ќе ја спроведат меѓународни и домашни експерти од областа. Обуката има свој теоретски и практичен дел, кој опфаќа посета на градилиште.
Покрај обуката, МОТ во соработка со Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија ќе спроведе и кампања за безбедност и здравје при работа во градежништво. |
Министерот Ристовски во посета на Дневниот центар за целебрална парализа
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски го посети Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје во кој се згрижуваат 26 деца на возраст од 5 до 18 години.

“Станува збор за исклучително хуман дневен центар, од големо значење за семејствата на децата болни од целебрална парализа. Во негови рамки се вршат дневните активности во насока на нивен развој и правилно прифаќање на состојбите од аспект за квалитетно извршување на секојдневните моторички активности”, изјави министерот Ристовски.
“Во оваа прилика сакам да најавам дека Министерството за труд и социјална политика во следниот период ќе направи дополнителни измени и во рамки на овој дневен центар ќе се вклучат и деца под 5 години”, рече министерот за труд и социјална политика.
Во наредните месеци во рамки на центарот ќе се адаптира комплетно нова функционална просторија за лица над 18 години за да не постои мешање меѓу децата и возрасните. |
Се засилува борбата против сивата економија
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и министерот за економија Ваљон Сараќини ги претставија мерките за спречување на сивата економија и Aкцискиот план за намалување на сивата економија за 2012 година, што Владата на Република Македонија го усвои на вчерашната седница. Во него се предвидени повеќе активности за подобрување во делот на регистрацијата на бизнис, плаќање и пријавување даноци и работници и плаќање на придонесите за социјално осигурување, како и засилување на инспекциските надзори годинава со што институциите на системот ќе се обидат да го намалат нивото на сивата економија во земјава....
 |
|
Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски го презентираа Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година. Со објавениот конкурс за мерката самовработување почна примената на шестиот Оперативен план со којшто годинава ќе бидат опфатени 6.000 невработени лица, за што се обезбедени околу 500 милиони денари....
 |
|
Богојавление (Водици)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 Јануари 2012 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици). |
Продолжува проектот “Бањско климатска рекреација за корисниците на пензија"
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски информираше дека во рамките на програмски активности за обезбедување на социјална заштита и социјална сигурност на старите лица во 2012 година Владата на Република Македонија продолжува да го реализира проектот “Бањско климатска рекреација за корисниците на пензија,, и дека од 16 јануари до 15 февруари оваа година пензионерите може да аплицираат за користење на услугата....
 |
|
Промовирана веб-страната "Стоп педофилија"
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски ја претстави веб страната ,,Стоп педофилија,, www.stop-pedofilija.org.mk, којашто содржи информации како да се препознае педофил, кој може да биде жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош....
 |
|
Министерството за труд и социјална политика со засилени мерки против вработувањата на црно
“2012 година Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд ја започнуваме со немилосрдна борба против вработувањата на црно, односно целосно ќе се ставиме во функција на заштита на правата на работниците, истворемено почитувајќи ги и интересите на работодавачите!”, рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на конференцијата за медиуми на којашто информираше за активностите коишто ги презема Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд со цел намалување на сивата економија....
 |
|
Во Битола трибина за запознавање на ромската заедница со заканите од можноста за воведување визи
Министерството за труд и социјална политика во Битола организираше трибина на тема „Запознавање на ромската заедница со заканите од можноста за воведување визи“. На отворената трибина, заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими рече дека граѓаните од ромската заедница треба да бидат информирани за значењето на визната либерализација, но и за злоупотребите на безвизниот режим....
 |
|
,,Новогодишната елка на желби"
,,Новогодишната елка на желби"
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски присуствуваше на ,,Новогодишната елка на желби,, каде во организација на Црвениот крст на град Скопје на 67 дечиња од згрижувачките семејства во земјава им беа доделени пакетчиња, односно им беа исполнети желбите кои претходно ги оставија на елката. Министерот Ристовски рече дека е особено задоволен од ваквата акција и од тоа што овие предновогодишни денови, можат да ги направат дечињата посреќни....
 |
|
Отворање на Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица
Отворање на Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, присуствуваше на отворањето на Библиотечниот центар за слепи и слабовидни лица во Националната и универзитетска библиотека ,,Свети Климент Охридски,,.
...
 |
|
Голем интерес за обуките за ИТ програмери, за 180 места пријавени 1.334 лица
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на конференција за медиумите информираа дека за учество во обуките за 180 ИТ програмери за девет ИКТ програми како дел од политиката за вработување преку Агенцијата за вработување се пријавиле 1.334 лица....
 |
|
Донација во Домот за деца без родители и родителска грижа "11-ти Октомври"
Донација во Домот за деца без родители и родителска грижа "11-ти Октомври"
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески го посетија Домот за деца без родители и родителска грижа ,,11-ти Октомври,, и во пресрет на новогодишните празници ќе им донираат опрема.
...
 |
|
Во Свети Николе отворен Центарот за лица-жртви на семејно насилство
Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрхаим Ибрахими и градоначалникот на Свети Николе Роберт Ѓорѓиев во Свети Николе го пуштија во употреба Центарот за лица-жртви на семејно насилство. Регионалниот згрижувачки центар има капацитет за шест жртви на семејно насилство и нивните деца и ова е четврт згрижувачки центар во Македонија, по Скопје, Битола и Кочани....
 |
|
Отворена 39-та народна кујна во Конче
Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Муедин Кахвеџи ја отвори 39-та народна кујна во Општина Конче, а храната ќе се дели на 5 пункта и тоа во: с. Дедино, с. Ракитец, с. Габревци, с. Конче и с. Долно Липовиќ. Во оваа народна кујна услуга ќе користат 50 корисници, со што вкупниот број на корисници на услуги во 39-те народни кујни изнесува 3763 лица. ...
 |
|
Заменик министерот за труд и социјална политика во Штип
На 26.12.2011 година (понеделник), во 18:00 часот, во салата на Општина Штип, заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими ќе учествува на трибина на тема: “Запознавање на ромската заедница со заканите од можноста за воведување на визи”.
Воедно на трибината ќе се дискутира и за проблемите со коишто се соочува локалното население од ромска националност, како и за начините за нивно решавање. |
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детското село
Регулирање на взаемните односи за поддршка на заедничките активности што ќе се преземаат во иднина меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детското село е целта на Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа министерот Спиро Ристовски и националниот директор на СОС Детско село Јулијана Гапо. Меморандумот е во насока на подобрување на положбата на децата, градење подобра иднина и обезбедување благосостојба за нивна подобра интеграција во социјалната средина....
 |
|
Отворање на 10-от Ромски информативен центар
Отворање на 10-от Ромски информативен центар
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски свечено гo отвори 10-от Ромски информативен центар во Шуто Оризари, чија што цел е воспоставување на подобри и директни врски помеѓу ромската заедница и органите на државната власт.
Ромскиот информативен центар е заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика и Општината Шуто Оризари. Во реализацијата на овој проект учествуваше и УНХЦР преку донација на канцелариска опрема.
...
 |
|
 | Претставки и предлози |  |
 | Програма |  |
 | Права од пензиското осигурување |  |
 | Друго |  |
|